Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, индиректно потврди дека Тејлор Свифт и Тревис Келси подготвуваат голема свадба во тој град.
Тој го објави тоа за време на прес-конференцијата каде што разговараше за безбедносните планови за Светското првенство.
„Целосно сум уверен во работата на полициската управа на Њујорк, како и на нашите државни партнери, за да се обезбеди безбедно искуство“, рече Мамдани.
Потоа тој нагласи дека летото во градот ќе биде исполнето со големи настани.
„Ние сме најголемиот град во земјата. Навикнати сме на големи настани и сме неверојатно возбудени за сè што доаѓа. Многу работи се случуваат во исто време. Исто така, тука е и свадбата на Тејлор Свифт. И навистина сме возбудени што ќе го бидеме домаќини на светот тука“, рече градоначалникот.
Потоа Мамдани потврди дека не е поканет на церемонијата.
„Не и не“, рече тој, насмевнувајќи се.
„Им посакувам прекрасна свадба. Ќе ја слушам „Only the Young“ дома“, објави тој.
Според повеќе извори, Свифт и Келси наводно планираат да се венчаат во Њујорк во текот на викендот на 3 јули, а како локација се споменува Медисон Сквер Гарден.
Според извештаите, гостите ќе мора да потпишат договори за доверливост пред да добијат детали за церемонијата, додека секое прекршување на правилата ќе биде казнето.
Тејлор Свифт и Тревис Келси се свршија во август 2025 година по две години врска, а во последните недели често се гледаат во Њујорк.












