вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Руските граѓани знаат дека нивната земја не ја добива војната

Зеленски: Руските граѓани знаат дека нивната земја не ја добива војната

81
Фото: EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека лидерите на Г7 на самитот во Франција се согласиле дека Русија не ја добива војната против Украина и дека разговарале за дополнителни санкции за да ја доведат Москва на преговарачка маса.

Зеленски рече дека огромното мнозинство руски граѓани разбираат дека нивната земја не ја добива војната. Русија ќе се соочи со многу тешка зима, со оглед на ескалацијата на украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, доколку не се постигне мировен договор дотогаш, рече тој.

Еден ден откако руските беспилотни летала го погодија еден од најважните културни споменици на Украина, заштитениот манастир во Киев, Зеленски оцени дека постои консензус во рамките на Г7 дека Русија намерно ја таргетира цивилната инфраструктура. „Сега на сите им е јасно дека Русија, дека Путин не сака да ја запре оваа војна“, рече тој.

Зеленски рече дека Трамп одговорил многу позитивно на неговото барање за зголемување на испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина. Се очекува тој да одржи билатерална средба со Трамп подоцна во вторник на самитот.

Г7 ги вклучува САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Канада.

ИЗДВОЕНИ