Морнари на руска фрегата испукале предупредувачки истрели кон цивилна јахта што им се приближила во Ламанш, изјави извор запознаен со инцидентот.
Британското Министерство за одбрана сè уште не го коментираше инцидентот. Според изворот, кој побара да не биде именуван, во инцидентот била вклучена руската фрегата „Адмирал Григорович“.
Во неделата, британските командоси во Ламанш пресретнаа и ја презедоа контролата врз руски танкер од таканаречената „флота во сенка“, која е под меѓународни санкции. Тоа беше првата операција насочена кон нарушување на приходите од извоз на нафта што ја финансираат војната на Русија во Украина.
Во посебна изјава во понеделник, Кралската морнарица соопшти дека два британски брода ја придружувале фрегатата „Адмирал Григорович“ во Ламанш, западно од францускиот град Брест, прнесе „Хина“.












