Моќен систем на грмотевици доаѓа кон Македонија од Унгарија и Хрватска, носејќи со себе разорен град, бурни ветрови и температурен шок што ќе ја спушти живата во термометарот. До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Според радарските податоци Македонија ќе биде погодена од моќен линеарен систем на грмотевици што доаѓа директно од соседството.












