Македонскиот поп-состав Либеро-бенд деновиве одбележува 15 години успешно музичко творештво на македонската естрада. Најпрво со спотот снимен низ ходниците и амбиентот на Skopje City-Mall, овој проект носи модерна визуелна приказна, динамична атмосфера и свеж пристап кој совршено ја надополнува музиката. Публиката има можност да ужива во внимателно избран репертоар составен од безвременски македонски хитови, претставени низ посебна енергија и автентичноста по кои бендот е препознатлив и слушан. Особен печат со своите силни интерпретации дава атрактивниот пејач Иван Јованов.
Овој проект е само почеток на изненадувања кои Либеро-бенд ги подготвува во чест на својот голем јубилеј. Во периодот што следува, бендот ќе претстави уште неколку значајни музички проекти, кои ќе кулминираат со големата фешта. Токму по тој повод, бендот најавува серија специјални проекти кои ќе бидат реализирани во текот на целото лето, но и оваа есен. Сетоа тоа е вовед за големиот јубилеен настан планиран за самиот крај на 2026 година, некаде пред Нова година.
Првиот од најавените проекти ќе ја доживее својата премиера веќе сега на 17 јуни на официјалниот YouTube канал на Либеро-бенд. Песните се испеани во живо, а обработени на препознатливиот начин со кој пејачот Иван и Либеро-бенд ја освојуваат публиката.












