среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Јуроп раид“ во Крива Паланка

„Јуроп раид“ во Крива Паланка

1

Крива Паланка утре, по шести пат,  ќе биде единствениот македонски град домаќин на авантуристичкиот карван „Јуроп раид 2026“, во кој учествуваат млади авантуристи од Франција. Годинава, околу 150 автомобили со повеќе од 500 учесници повторно ќе ја поминат Европа, носејќи ја хуманата мисија на „Јуроп раид“: меѓународна помош и соработка.

Патувајќи со автомобили „пежо 207“, учесниците го минуваат европскиот континент, запознавајќи ги природните убавини, културата, традицијата и гастрономијата на 20 европски земји.

Од Општина Крива  Паланка информираат дека по пристигнувањето во Крива Паланка, во 17:00 часот, за учесниците ќе биде организиран франкофонски музички хепенинг во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, збогатен со македонски музички изведби, со цел преку музиката да се претстават македонската култура и македонската традиција.

Во вечерните часови, гостите ќе имаат можност да проследат културно-уметничка програма, по што на летната сцена на Градскиот плоштад ќе настапи македонската рок-група „Паркети“.

На настанот ќе присуствуваат делегација од Амбасадата на Франција, претставници на Францускиот институт во Скопје, претседателката на Здружението на професорите по француски јазик на Република Северна Македонија, претставник од Бирото за развој на образованието, како и претставници на други франкофонски здруженија и организации.

ИЗДВОЕНИ