четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Прекинот на огнот на Блискиот Исток е, всушност, „поумерено пукање“

Прекинот на огнот на Блискиот Исток е, всушност, „поумерено пукање“

0
EPA/WILL OLIVER

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша прекинот на огнот на Блискиот Исток како „поумерено пукање“. Трамп синоќа одговараше на прашање од новинарите за да го дефинира прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, објави Скај њуз.

„Во тој дел од светот, прекин на огнот е кога се пука поумерено“, рече Трамп.

Либанските државни медиуми објавија дека израелски беспилотни летала извршиле повеќекратни напади на различни локации на југот на земјата утрово, објави Ал Џезира. Според објавениот договор, прекинот на огнот е условен од целосно прекинување на огнот од страна на Хезболах и повлекување на своите оперативци од областа јужно од реката Литани, додека либанската армија треба да преземе целосна контрола врз тие области.

Сè уште не е јасно како ќе се имплементираат предвидените безбедносни зони, ниту дали Хезболах ќе ги прифати условите од договорот.

 

ИЗДВОЕНИ