сабота, јуни 27, 2026
Дома БАЛКАН Пожар ја „голта“ централна Грција: Огнената стихија беснее кај Агиос Василиос –...

Пожар ја „голта“ централна Грција: Огнената стихија беснее кај Агиос Василиос – издадено итно предупредување до граѓаните

114

Шумски пожар избувна во близина на градот Агиос Василиос, во Беотија, во централна Грција, што доведе до активирање на системот за итни предупредувања 112, повикувајќи ги граѓаните да бидат во готовност.

Голем број грчки противпожарни бригади се распоредени на местото на пожарот, објавува „Катимерини“.

Во гаснењето се вклучени 51 пожарникар од две пешадиски единици и 17 противпожарни возила. Операцијата е поддржана од воздух од три авиони и три хеликоптери, од кои еден е наменет за координација на акцијата.

За потсетување, пожар избувна и во ниската вегетација во областа на плажата Пелазгија, во општината Стилида, во централна Грција. Според соопштението на грчката противпожарна бригада, пожарот избувнал кратко по 9:30 часот наутро на земјоделско земјиште, далеку од населени места и инфраструктура.

ИЗДВОЕНИ