вторник, јуни 9, 2026
Дома СВЕТ Пожар беснее низ југоистокот на САД: Запалени речиси 50 куќи во Џорџија...

Пожар беснее низ југоистокот на САД: Запалени речиси 50 куќи во Џорџија и на Флорида

54

Пожарите кои беснеат низ југоистокот на САД денеска се интензивираа на југот на Џорџија и уништија речиси 50 куќи, принудувајќи ги жителите да се евакуираат и да ги затворат училиштата.

Некои од најголемите пожари го зафатија атлантскиот брег на потегот од Џорџија од Џексонвил во Флорида, американска сојузна држава на која ѝ се случува една од најлошите сезони на пожари во последните децении.

Причината за пожарите е се уште непозната, но јасно е дека ги разгорува долгогодишната суша, ниската влажност и силните ветришта.

Двата најголеми пожари во Џорџија запалија околу 80 квадратни километри земјиште, а таму избија уште четири помали пожари. Најстрашните пожари се случија во областите кои се погодени од исклучителна или екстремна суша, соопшти организацијата „Американски монитор за суша“.

Пожарот во округот Брентли кој вчера изгоре 47 куќи денеска загрозува уште куќи и се движи многу брзо, пренесуваат локалните власти. Претходнито ден, огнената стихија зафатила шест пати поголема површина од претходно за само половина ден.

Локалниот шериф Лен Дејвис ги повика жителите да се подготват за евакуација, бидејќи ветровите би можеле брзо и непредвидливо да го променат правецот.

Федералната агенција за вонредни ситуации извести за најмалку 800 евакуации во округот Брентли, дека пожарот таму загрозува уште 300 куќи и дека се отворени засолништа.

Уште еден голем пожар беснее во округот Клинч, каде што во повеќе населени места исто така имаше евакуација, соопшти Асоцијацијата за шумарство на Џорџија.

Во Флорида, пожарникарите денеска се борат со 131 пожар кој изгоре 88 квадратни километри земјиште, главно на северната половина на државата.

Комесарот за земјоделство на Флорида Филтон Симпсон изјави дека Флорида доживува „една од најлошите сезони на пожари во изминатите 30 или 40 години – се движи кон тоа“. Исто така тој изјави дека сушата низ државата трае 18 месеци.

Чадот од опожарените подрачја стаса до градовите Атланта и Савана во Џорџија и до Џексонвил на Флорида. Квалитетот на воздухот на југот на Џорџција денеска беше класифициран како нездрав, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ