Улицата „Натанаил Кучевишки“ повторно се реконструира по 40 години. Првата санација на оваа улица била стопирана, а изведувачот на градежните работи отстранет откако било констатирано дека градбата е неквалитетна.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во градежните активности за повторна реконструкција на оваа улица со површина од 3.000 квадратни метри. Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.
– Граѓаните се оние што ни ја дадоа довербата, која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивни интерес. Ова е уште една потврда за ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура во Општина Бутел – нагласи Костовски.












