петок, јуни 12, 2026
Дома БАЛКАН Потресна глетка: Изгоре цело село во Романија, искрите од огнот се префрлале...

Потресна глетка: Изгоре цело село во Романија, искрите од огнот се префрлале од куќа на куќа/ФОТО

295
Фото: Printskrin/Jutjub/Observator News

Голем пожар го зафати селото Совеја во округот Вранча во Романија, каде што околу 300 жители беа евакуирани, а 32 куќи беа целосно уништени.

Пожарот избувна во утринските часови, најверојатно поради запален оџак на куќата на постара жена, а за само неколку часа прерасна во катастрофа од големи размери.

Пожарот брзо се прошири поради силните ветрови, кои носеа искри од куќа до куќа. Мештаните велат дека куќите, претежно дрвени, се запалиле речиси истовремено.

– Искри скокаа од една куќа во друга. Не знаевме што прво да спасиме – рече една жителка.

На терен се ангажирани повеќе од 200 пожарникари од шест окрузи, со десетици возила и опрема. Според портпаролот на ISU Вранац, Флорин Олару, во гаснењето на пожарот се вклучени 13 противпожарни возила со вода и пена, седум оперативни камиони, три минибуси за транспорт на персонал, како и две екипи на брза помош на SMURD.

Поради стресот и загубата на имотот, четири лица претрпеле напади на паника, но нема информации за сериозни повреди.

Евакуираните семејства се привремено сместени во селски пансиони и во базата на спасувачката служба Салвамонт. Најранливите жители на селото, вклучувајќи ги старите лица и децата, се згрижени од соседите и роднините.

ИЗДВОЕНИ