Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ги потпиша првите решенија за надоместок за новороденче, во висина од 5.000 денари.
– Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2026 година и е наша заложба за подобрување на условите за младите семејства во Општина Бутел – соопштија од Општина Бутел.
Оттаму додаваат дека инвестираат во инфраструктурата, која ќе ја подобри иднината на секое дете.
– Градиме две градинки во Бутел 1 и во Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме три нови градинки во Радишани, Визбегово и во Бутел 1. Нашата визија е јасна: создаваме услови за развој и иднина за секое семејство – истакна Костовски.












