петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Доаѓа ладен циклон и нови врнежи од снег – дали се ова...

Доаѓа ладен циклон и нови врнежи од снег – дали се ова последни удари на зимата?

182

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури, велат од УХМР.

Европа пак, по период на стабилно и невообичаено топло пролетно време, се соочува со драстично враќање на зимските услови. Силниот навлегување на поларен воздух ќе предизвика формирање на циклон над Медитеранот, кој ќе донесе екстремно време во делови од јужна Европа до средината на неделата, додека зимата ќе се врати на Балканот.

Постојаната област со висок притисок над Северниот Атлантик дејствува како блокада, пренасочувајќи нов бран леден воздух од Арктикот кон југ. Според деталната анализа на Severe Weather Europe, ова е последниот „удар“ што произлегува од колапсот на поларниот вртлог претходно овој месец, чиј јужен дел се помести кон Европа.

Овој феномен ќе донесе екстремни падови на температурите, во некои региони за 15 до 20 степени Целзиусови за само два дена. Температурите ќе паднат под нулата во Англија, Франција и земјите од Бенелукс, со појава на мраз што може да предизвика значителни штети на земјоделските култури што веќе процветале.

Грчките метеоролози предупредуваат на развојот на таканаречената двојна циклогенеза, редок феномен каде што студениот воздух продира сè до Северна Африка. Таму, може да се формира втор, уште поопасен систем со низок притисок за Грција, кој би повлекол со себе огромна количина на влага. Врвот на бурата се очекува во среда, кога циклонот целосно ќе се развие над Грција.

Најранливи области ќе бидат источниот и јужниот Пелопонез, централна и источна Грција, Атика, егејските острови и делови од Македонија и Тесалија, каде што властите веќе се во состојба на готовност.

Се очекува циклонот да донесе долготрајни и обилни дождови, при што најпогодените области веројатно ќе добијат повеќе од 100 милиметри врнежи за само 24 часа. Ова создава висок ризик од ненадејни поплави, особено во урбаните центри и планинските области.

ИЗДВОЕНИ