четврток, јули 2, 2026
Дома БАЛКАН Политичко насилство во Грција: Почина мајката на политичарката по серија напади врз...

Политичко насилство во Грција: Почина мајката на политичарката по серија напади врз функционери

143

Мајката на грчката политичарка од владејачката партија Нова демократија, 72-годишната Вагија Нестора, почина од тешките повреди што ги здобила во нападот во Солун, по серија сомнителни подметнати пожари и експлозии насочени кон политички функционери.

Според информациите од болницата во Солун, Нестора претрпела тешки изгореници и откажување на повеќе органи по експлозијата и пожарот што избувнале во станбената зграда каде што живее нејзината ќерка Афродити Нестора, политичарка и кандидатка на Нова демократија. Таа исто така е повредена и се лекува поради изгореници и вдишување чад.

Грчките власти соопштија дека во раните утрински часови, во интервал од само неколку минути, биле извршени три одделни напади во Солун со импровизирани запаливи направи и молотови коктели. Цел на нападите биле станови и објекти поврзани со членови и функционери на владејачката партија Нова демократија, пренесува BBC.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис остро ги осуди нападите, оценувајќи ги како „мрачен и нечовечки облик на политичко насилство“. Тој повика на заедничка реакција на општеството за, како што рече, „тероризмот да биде оттурнат на маргините“.

Полицијата истражува дали трите напади биле координирани и изведени од истите сторители. Истрагата ја води грчката антитерористичка служба, а засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Три експлозии пред домовите на функционерите на владејачката партија во Грција, петмина хоспитализирани

ИЗДВОЕНИ