среда, јули 1, 2026
Дома БАЛКАН Три експлозии пред домовите на функционерите на владејачката партија во Грција, петмина...

Три експлозии пред домовите на функционерите на владејачката партија во Грција, петмина хоспитализирани

93

Пет лица се повредени во три напади врз домовите на функционери на владејачката партија Нова демократија во Солун, од кои еден бил интубиран, соопшти денес грчката полиција.

Нападите се случиле помеѓу 4 часот наутро и 4:30 часот наутро по локално време, при што пожарите биле подметнати со запаливи направи во станбени згради каде што живеат или имаат имот тројца политичари, а полицијата и антитерористичката единица реагирале на местото на настанот, објавува Прототема.

Според извештаите, пожарите биле подметнати во три различни делови од градот, во домовите на претседателот на Извршниот комитет на Нова демократија, Зисис Јоакимовиц, поранешниот пратеник Савас Анастасијадис и политичарката Афродита Нестора.

Во Харилау, пожарот се проширил на два автомобила и два мотоцикли, предизвикувајќи голема штета, а во таа прилика се поврдени Нестора, нејзината мајка (70), која била однесена во болница со тешки изгореници по целото тело, каде што била интубирана, а уште три лица биле лекувани од респираторни проблеми.

Според првичните информации, сторителите во сите напади биле на мотоцикли, а експлозијата предизвикала пукнатини на стаклото на влезот.

Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, ги осуди инцидентите, велејќи дека тројцата партиски функционери биле цел поради нивната политичка припадност, објави Катимерини.

„Тројцата функционери се луѓе кои несебично придонесуваат за политичката партија, кои веруваат во своите идеи, а некои криминалци решиле да се обидат да ги убијат“, изјави Маринакис за радио Скај, додавајќи дека полицијата започнала операција за пребарување за да ги идентификува и уапси сторителите.

ИЗДВОЕНИ