Хрватската полиција објави дека уапсила маж осомничен за убиство на 19-годишно момче за достава на пица во градот Дрниш.
Силни полициски сили во пошироката дршнишка област интензивно го бараат 50-годишниот К. А. од саботата навечер.
Злосторството се случило во саботата околу 23 часот на терасата на семејната куќа на К. А, а градот оттогаш е под полициска опсада.
Поради претресот, сите влезови и излези од градот беа затворени, а граѓаните беа поканети да не ги напуштаат своите домови и да ги спуштат капаците на прозорците.
Директорот на хрватската полиција, Никола Милина, претходно изјави дека 50-годишниот К. А. го извршил злосторството со рачно изработено огнено оружје.
Милина рече дека осомничениот има богато криминално досие, како и пет правосилни пресуди, од кои две се споени во 15-годишна затворска казна за убиство на девојка (22) што ја отслужил, додека две се условни.
Тој додаде дека пред три години, полицијата пронашла нелегално оружје кај Алексиќ и дека како резултат на тоа е поднесена кривична пријава, по што е поднесено обвинение, според кое судската постапка сè уште не е започната, пренесе хрватски Индекс.












