четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

21

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурите ќе бидат пријатни за овој период од годината. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 16 до 25 Целзиусови степени, информираат од УХМР.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Од УХМР најавуваат дека ваквото променливо време ќе се задржи и во следните денови. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во Повардарието.

Синоптичарите предупредуваат дека локално процесите може да прераснат и во невреме со пообилен пороен дожд, на места и над 20 литри на метар квадратен, како и засилен ветер со брзина до 50 километри на час.

ИЗДВОЕНИ