среда, февруари 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Поевтини горива од утре

Поевтини горива од утре

42

Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), поевтинуваат за 1,50 ден/лит, во 30.01.2025 година и со тоа, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 ден/кг, во однос на  30.01.2025 година и со тоа же изнесува 44,672 ден/кг.

ИЗДВОЕНИ