вторник, септември 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат петти ден по ред- „Брент“ се...

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат петти ден по ред- „Брент“ се движи околу 100 долари

6

Цените на нафтата паднаа петти ден по ред, при што меѓународниот референтен тип „Брент“ се тргуваше по цена од околу 100 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI падна на приближно 91 долар.

Пазарот внимателно ги следи дипломатските напори за решавање на конфликтот со Иран, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во Обединетите нации дека верува оти САД би можеле да постигнат договор со Иран по ноемвриските избори за Конгресот, пренесува „Trading Economics“.

Тој исто така истакна дека протокот на нафта е зголемен од почетокот на конфликтот и процени дека цените би можеле нагло да паднат штом ќе заврши војната.

Кон падот на цените придонесуваат и извештаите за можно зголемување на понудата.

Јапонската новинска агенција „Кјодо“ објави дека Иран понудил повторно да го отвори Ормускиот теснец во рок од седум дена доколку САД ја укинат блокадата, додека Саудиска Арабија започнала подготовки за повторно пуштање во употреба на нафтоводот „Исток-Запад“, при што извозот би можел да продолжи подоцна оваа недела, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ