вторник, јуни 9, 2026
Дома СКОПСКА Подземни кабли, наместо старите дрвени бандери во Центар

Подземни кабли, наместо старите дрвени бандери во Центар

22

Oпштина Центар информира дека в четврток, ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.

Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата.

– Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а напојувањето ќе се врши преку нови подземни кабли. По завршувањето на земјените работи, тротоарите ќе бидат целосно обновени и реконструирани – соопштија од Општина Центар.

Притоа, додаваат дека со реконструкцијата ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија, ќе се намали ризикот од дефекти, пожари и непланирани прекини, а ќе се создадат и услови за приклучување на нови корисници на мрежата.

Општина Центар апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на реализацијата на активностите.

ИЗДВОЕНИ