вторник, ноември 3, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Де Кос и Нот во трка за наследник на Кристин Лагард

Де Кос и Нот во трка за наследник на Кристин Лагард

1

Трката за нов претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) се интензивира откако Кристин Лагард најави дека ќе ја напушти функцијата на 7 февруари 2027 година, девет месеци пред истекот на мандатот. Меѓу главните кандидати за нејзин наследник се поранешниот гувернер на Банката на Шпанија, Пабло Ернандес де Кос, и поранешниот гувернер на холандската централна банка, Клас Нот.

Анкетата на „Блумберг“ меѓу економистите му дава мала предност на Де Кос, но конечната одлука ќе ја донесат лидерите на Европската Унија, како дел од поширок договор за кадровски промени во раководството на ЕЦБ.

Де Кос се смета за поумерен кандидат, со акцент на економскиот раст и на вработеноста, покрај контролата на инфлацијата. Нот, пак, важи за поборник на построга монетарна политика и порано се залагаше за побрзо зголемување на каматните стапки.

Сепак, неговиот избор би можел да наиде на резерви во Германија, а како можна пречка се посочува и неговиот поранешен јавен судир со Марио Драги. Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека одлуката за наследникот треба да биде донесена до крајот на годината и се очекува министрите од еврозоната да разговараат за ова прашање на средината од декември.

ИЗДВОЕНИ