Вториот грен слем турнир во сезоната – Ролан Гарос, го зголеми својот награден фонд на 56,35 милиони евра, што е за 5,21 проценти повеќе од минатата година. Турнирот кој се игра на париската земја е закажан од 25 мај до 8 јуни, а натпреварувачите ќе поделат награден фонд од 56,352 милиони евра.

Минатата година, Шпанецот Карлос Алкараз и Полјачката Ига Швјатек освоија по 2,4 милиони евра за освојувае на титулата. Оваа година, победниците во машка и женска конкуренција ќе освојат по 2,55 милиони евра. Титулата во машка и женски парови носи по 590.000 евра, а во мешани двојки 122.000 евра. Поразените во финалето во сингл ќе мора да се задоволат со по 1,27 милиони евра.

Победниците на Австралија Опен заработуваат половина милион евра помалку. За споредба, овогодишните победници на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер и Американката Медисон Киз, заработија по 3,5 милиони австралиски долари, што е околу два милиони евра.

ИЗДВОЕНИ