Светското првенство во рели оваа година ќе има 13 наместо планираните 14 трки. Релито во Саудиска Арабија, кое требаше да се вози од 11 до 14 ноември, е отстрането од календарот поради безбедносната неизвесност на Блискиот Исток.
Сезоната сега ќе заврши со Релито на Италија на Сардинија, од 1 до 4 октомври. ФИА соопшти дека организаторите во Саудиска Арабија биле подготвени да го одржат настанот, но ситуацијата во регионот влијаела врз логистичките подготовки.
Релито во Џеда, кое беше додадено во календарот минатата година, сепак, ќе се одржи, но како дел од првенството во рели на Блискиот Исток.
Во борбата за титулата, Елфин Еванс има предност од 17 бода пред Сами Пајари. Британецот пет пати бил светски вицешампион, а сега има можност да стигне до првата светска титула во кариерата.
Ситуацијата на Блискиот Исток веќе влијаеше и врз други големи спортски настани, а ФИА претходно ги откажа и трките во Бахреин и Саудиска Арабија во Формула 1 поради безбедносните ризици.










