среда, јули 29, 2026
Дома МАГАЗИН Победете ја жештината со правилен избор на храната: Намирници што го разладуваат...

Победете ја жештината со правилен избор на храната: Намирници што го разладуваат телото

88

Ако мислите дека не е важно што јадете за време на екстремно високите температури, грешите. Постојат одредени видови храна што можат да го разладат вашето тело без да го сфатите тоа.

Нутриционистот Даниел О’Шонеси советува која храна да јадете, а која да ја избегнувате за време на топлотниот бран што ја зафати Европа.

Тој вели дека лубеницата, куркумата и намалениот внес на јаглехидрати и протеини можат да ја победат жештината, објавува „Метро“.

Иако е попрепорачливо во зима, треба да јадете чинија супа навечер, кога температурата на воздухот почнува да опаѓа, а вашето тело ќе остане поладно со помош на супата.

„Супата ќе предизвика потење, но како што потта испарува, енергијата се апсорбира во воздухот и вашето тело се лади“, објаснува нутриционистот.

Тој вели дека чилито е исто така добар избор за разладување, што ќе ве натера да се потите повеќе и во исто време ќе го разладите вашето тело.

Куркумата е зачин што не треба да го избегнувате во лето бидејќи ја подобрува циркулацијата, помагајќи крвта да тече побрзо низ вените, поради што телото се лади.

Еве десет трикови со храна што ќе ви помогнат да се разладите:

1. Јадете спанаќ

2. Навечер јадете чинија супа

3. Изберете храна со чили

4. Јадете лубеница

5. Зголемете го внесот на куркума

6. Намалете ги јаглехидратите

7. Јадете помалку месо

8. Јадете кромид

9. Консумирајте храна и пијалаци што содржат нане

10. Изберете оброци направени со кокосово млеко

ИЗДВОЕНИ