Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е подготвен да стави крај на кариерата по завршување на Светското првенство во 2026 година, објави денеска добро информираниот новинар Николо Шира.
Како што наведува истиот извор, 40-годишниот Модриќ веќе постигнал договор со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да заземе позиција во клубот по завршувањето на кариерата.
Модриќ изминатата сезона настапуваше за „Милан“, а договорот со калчолигашот му истекува на крајот на овој месец.
Модриќ играше за „Реал Мадрид“ од 2012 до 2025 година и со шпанскиот тим освои четири титули во Ла Лига и шест титули во Лигата на шампиони. Во 2018 година, Модриќ ја освои „Златната топка“.
Хрватска ќе игра во групата Л на Светското првенство 2026 година со Англија (17 јуни), Панама (24 јуни) и Гана (28 јуни).
ИЗДВОЕНИ

Повторно ќе им се суди на директорите за пожарот во Модуларната болница

За аферата со очната установа: Болницата реагира дека нема оштетени, поранешен пациент им враќа, не ми дадовте извештај и баравте кеш

Три пресметки за животниот стандард, една реалност – македонските плати најниски во Европа

Македонија поместува планини за милиметар напред, Бугарија со закована позиција








