сабота, јуни 13, 2026
Дома СВЕТ Иранската војска веднаш ги демантираше тврдењата на Трамп: „Потпишувањето на договорот нема...

Иранската војска веднаш ги демантираше тврдењата на Трамп: „Потпишувањето на договорот нема да се случи утре“

220

Откако американскиот претседател Доналд Трамп му објави на целиот свет дека утре е закажано потпишување на прекин на огнот со Иран за да се стави крај на војната на Блискиот Исток, Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) итно издаде соопштение во кое ги негира тврдењата на американскиот претседател, објави британски Скај њуз.

Иранската војска издаде соопштение на својот канал на „Телеграм“ во кое го негираше американскиот претседател, кого го обвинија дека лаже.

„Невообичаеното инсистирање на Трамп дека договорот ќе биде потпишан утре е тест за преговарачкиот тим на Иран. Најавата на Трамп дојде и покрај експлицитната изјава на преговарачкиот тим на Иран дека меморандумот не е завршен, потпишувањето нема да се случи утре.

Трамп сака да го комбинира потпишувањето на мировниот договор со неговиот роденден утре. Тој сака да го претвори во јавен настан“, се вели во соопштението на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Во своето соопштение, Трамп најави потпишување на мировниот договор за утре, недела, 14 јуни. Сепак, на самиот крај, тој изјави дека САД би можеле да користат „други методи“ за кои се надева дека повеќе нема да мора да се користат доколку се потпише мировен договор со Иран за завршување на војната на Блискиот Исток.

ИРГК, исто така, изјави дека Трамп сака евентуалното потпишување на договорот да се совпадне со неговиот роденден на 14 јуни, тврдејќи дека американскиот претседател се обидува да го претвори настанот во „личен промотивен спектакл“.

ИЗДВОЕНИ