петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН По судирот со Папата, Трамп објави, а потоа избриша илустрација од ВИ...

По судирот со Папата, Трамп објави, а потоа избриша илустрација од ВИ на која се прикажува како Исус/ФОТО

879
EPA YURI GRIPAS / POOL

Откако ги налути христијаните во САД кога му се закани на Иран и проколна на Велигденското утро, а потоа го критикуваше Папата денес, американскиот претседател Доналд Трамп го продлабочи јазот со својата христијанска база објавувајќи фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која се прикажува како Исус Христос.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави илустрација генерирана од вештачка интелигенција на која се прикажува како Исус, предизвикувајќи широки критики дури и од некои религиозни конзервативци кои обично го поддржуваат, пред фотографијата да биде отстранета во понеделник.

Објавата на платформата Truth Social, за која Трамп подоцна рече дека имала за цел да го прикаже како лекар, се случи во време на неговиот ескалирачки конфликт со Папата, кој ја нарече војната меѓу САД и Израел против Иран нехумана.

Кратко пред објавувањето на генерираната фотографијаа, претседателот објави долга колумна против Папата, нарекувајќи го „слаб во однос на криминалот и ужасен во однос на надворешната политика“.

Лав XIV, првиот папа роден во САД, одговори на нападите на Трамп велејќи дека „не се плаши“ од администрацијата на Трамп и дека ќе продолжи да зборува против војната.

Во моќен говор во Алжир во понеделник, тој ги осуди неоколонијалните светски сили кои го кршат меѓународното право, без конкретно да се осврне на Соединетите Американски Држави.

Објавата, на која е прикажан Трамп во бела мантија со рака што очигледно лекува на главата на човек во болнички кревет, би можела да внесе раздор меѓу Трамп и религиозната десница, чија поддршка беше клучна за неговата изборна победа во 2024 година, објави „Ројтерс“.

На генерираната фотографија, Трамп држи блескава топка во едната рака, а со другата го допира челото на очигледно болен човек. Статуата на слободата, огномет, борбени авиони и орли може да се видат во позадина.

Трамп во понеделник негираше дека илустрацијата имала намера да го прикаже како Исус, нарекувајќи ја „лажна вест“.

„Требаше да бидам јас како лекар што прави луѓето да се чувствуваат подобро, затоа што јас правам луѓето да се чувствуваат подобро“, им рече тој на новинарите во Белата куќа, кратко откако објавата беше избришана, пренесе „Хина“:

ИЗДВОЕНИ