петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Кризата во Ормускиот теснец се заканува да предизвика глобална земјоделска катастрофа

Кризата во Ормускиот теснец се заканува да предизвика глобална земјоделска катастрофа

154
Фото:википедија

Обединетите нации денес соопштија дека кризата во Ормускиот теснец може да предизвика глобална земјоделска катастрофа.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормускиот теснец може да предизвика глобална земјоделска катастрофа поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на земјоделски култури, објави „Скај њуз“.

Во соопштението се наведува дека сиромашните земји ќе го сносат товарот на намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавниот глобален раст.

ФАО го издаде предупредувањето неколку часа по почетокот на американската поморска блокада на иранските пристаништа. Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека секој ирански брод што ќе се приближи до американската блокада на Ормускиот теснец ќе биде уништен.

ИЗДВОЕНИ