Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денес повика употребата на нуклеарна енергија во иднина да биде исклучиво за мирни цели, по повод 40-годишнината од катастрофата во украинската нуклеарна централа во Чернобил.
„Нуклеарната енергија треба да се користи само за мирни цели“, рече Папата по повод 40-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил.
„Таа катастрофа останува предупредување за ризиците што се својствени за употребата на сè помоќни технологии“, рече папата за време на проповедта во недела.
„Се надевам дека разумноста и одговорноста секогаш ќе преовладуваат на сите нивоа на донесување одлуки, така што секоја употреба на нуклеарна енергија ќе биде во служба на животот и мирот“, додаде папата, пренесува „Бета“.












