сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА По повеќе од половина година: Вардариште денеска повторно гореше

По повеќе од половина година: Вардариште денеска повторно гореше

44

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна!, соопштија попладнево од Здружението „Стоп за Вардариште“.

Велат „доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите“.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата. Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје!“ велат од Здружението.

 

ИЗДВОЕНИ