недела, октомври 25, 2026
Дома СВЕТ Британски министер за одбрана: Земјата мора да биде подготвена за војна во...

Британски министер за одбрана: Земјата мора да биде подготвена за војна во следните 1.000 дена

1

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во наредните 1.000 дена бидејќи нејзините противници би можеле да бидат во позиција да ја нападнат до 2030 година и предупреди дека Русија го засилува хибридното војување против НАТО.

„Мојот главен приоритет е да обезбедам оваа земја да биде подготвена да води и да добие војна“, напиша Стритинг во колумна за британскиот „Телеграф“.

Тој наведе дека за да се спречи најлошото сценарио, Велика Британија мора да се подготви за него, првенствено со зајакнување на своите воени капацитети за да ги одврати противниците од напад.

ИЗДВОЕНИ