сабота, јуни 6, 2026
Дома СПОРТ КОШАРКА ТФТ испиша историја – стана финалист во АБА 2 лигата

ТФТ испиша историја – стана финалист во АБА 2 лигата

58
Фото: П. Стојановски

Тимот од Тафталиџе со победата врз Сутјеска денеска испиша историја. ТФТ со 90-77 над Сутјеска обезбеди пласман во финалето на АБА2 лигата со 2-0 во серијата.

Тимот од Тафталиџе го „згази“ ривалот, имаше предност од старт, и ја одржа сигурна до сам крај.

Најефикасен беше Стенли Дејвис Џуниор со 23 поени, пред Виктор Ташовски и Џастин Виндел Гордон.

Во финалето, ТФТ ќе се соочи со Широки Бријег, со шанса за пласман во АБА лигата.

ИЗДВОЕНИ