сабота, јуни 6, 2026
Дома МАГАЗИН ВИ-војната продолжува: Трамп објави фотографија на која Исус го прегрнува/ФОТО

ВИ-војната продолжува: Трамп објави фотографија на која Исус го прегрнува/ФОТО

581
EPA/SHAWN THEW / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на која Исус го прегрнува, со американското знаме во позадина.

Покрај сликата тој напиша: „На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мислам дека е доста кул!!! Претседател DJT“, напиша Трамп.

Сликата која бргу стана вирална, Трамп ја сподели од неговиот профил Irish for Trump (@Dkelly4congress), со натпис: „Никогаш не сум бил особено религиозен човек… но не се чини ли дека, со сите овие сатански, демонски, монструозни жртвувачи на деца што излегуваат… дека Бог можеби ја одиграл својата карта – адут!“

Само пред неколку дена, Трамп објави и слика генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажан како Исус, предизвикувајќи широки критики дури и од некои религиозни конзервативци кои обично го поддржуваат, пред фотографијата да биде отстранета во понеделник.

По бранот критики, Трамп ја избриша објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Today (@indiatoday)

ИЗДВОЕНИ