По повеќе од шест часови изгаснат е големиот пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, каде изгореа магацин и машини, соопштија од ТППЕ Радовиш.
Причините за настанување на пожарот и причинетата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.
Пожарот се гаснеше повеќе од шест часа, а интервенираа пожарникари од Радовиш и Струмица. Неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници.












