Државниот секретар на САД, Марко Рубио, вечерва изјави дека не е можно да се постигне договор за нуклеарната програма на Иран за 72 часа, дури и кога Американците и Иранците велат дека финализираат договор за завршување на војната.
„Нуклеарните преговори се високо технички прашања. Не можете да го решите нуклеарното прашање за 72 часа на аголот на масата“, изјави Рубио за „Њујорк тајмс“ во Њу Делхи, каде што е во посета.
Американскиот министер повика на итно повторно отворање на Ормутскиот теснец, кој го блокира Иран, „по што САД ќе започнат, според договорените услови, многу сериозни преговори за високо збогатен ураниум и за обврската никогаш да не се стекнува нуклеарно оружје“.
Во овој поглед, Рубио спомена временска рамка од 60 дена и поддршка од седум или осум земји во регионот за овој пристап, пренесе „Бета“.












