Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денес го нарече бомбашкиот напад во ресторанот во градот „брутален терористички чин“, но не кажа кој е одговорен.
Собјанин објави на социјалните мрежи дека „вчера во Москва е извршен брутален терористички напад, што резултирал со човечки жртви“.
„Повредените во моментов се во градските болници, каде што ја добиваат целата потребна нега“, рече тој.
Три лица загинаа во експлозија во близина на ресторан-кафе синоќа – обезбедувач, гостин и жена-бомбаш-самоубиец, објавија локалните медиуми.
Најмалку 21 лице е повредено кога експлозивна направа беше детонирана во ресторан на плоштадот Кудрински во центарот на Москва, соопшти Националниот антитерористички комитет, објави РИА Новости.
Истрагата за нападот е сè уште во тек, објави синоќа Московскиот истражен комитет, и до денес никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесе „Бета“.












