Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи од Персискиот Залив освен ако нападот не дојде од тие земји.
„Привремениот совет на лидерството одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да има повеќе испукани ракети, освен ако нападот врз Иран не дојде од тие земји“, рече Пезешкијан во говорот емитуван на државната телевизија.
„Им се извинувам на соседните земји што ги нападна Иран“, додаде иранскиот претседател, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање е „сон што треба да го понесат со себе во гробот“, објави американската новинска агенција АП, пренесе „Бета“.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во сабота, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.












