петок, јули 17, 2026
Дома СВЕТ Пезешкијан демантира дека си дал оставка, Трамп напаѓа и тврди дека мирот...

Пезешкијан демантира дека си дал оставка, Трамп напаѓа и тврди дека мирот е близу

76
epa12038369 Iranian president Masoud Pezeshkian speaks during the annual Army Day celebration, in Tehran, Iran, 18 April 2025. Top Iranian and US officials will hold second indirect negotiations on 19 April 2025 amid the ongoing tensions between the USA, Israel, and Iran. EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, ја демантираше информацијата што се прошири викендов дека си поднел оставка, зашто Иранската национална града презела сè во свои раце. Тој, во понеделникот, изјави дека „сè додека дише“, ќе работи за својата земја.

– Или ќе продолжиме силно, или ќе бидеме маченици, рекол тој нагласувајќи дека и во двата случаи тоа претставува „победа“.

Портпаролката на Владата, Фатеме Мохаџерани, изјави дека тврдењата дека претседателот наводно испратил писмо со барање за повлекување од функцијата се субверзивни активности насочени кон создавање нестабилност и ширење сомнеж кај јавноста.

–По којзнае кој пат во последните неколку месеци, некои странски медиуми и мрежи поврзани со нив поведоа гласиште за оставка на претседателот, која нема никаква врска со реалноста и која и во минатото повеќепати беше демантирана, изјави и шефот на Иранскиот медиумски совет, Елиас Хазрати.

Во меѓувреме, главниот ирански преговарач и претседател на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ги обвини САД дека не го почитуваат актуелното примирје меѓу двете земји. Неговата изјава доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, каде што, и покрај формално прогласеното примирје, продолжуваат меѓусебните обвинувања и воени активности.

Во екот на нападите, се огласи и американскиот претседател, Доналд Трамп, со порака дека договорот со Иран е близу.

ИЗДВОЕНИ