среда, октомври 28, 2026
Дома СВЕТ Страотен судир на брзи возови во Шпанија: Загинаа најмалку 40 луѓе/ВИДЕО

Страотен судир на брзи возови во Шпанија: Загинаа најмалку 40 луѓе/ВИДЕО

52
Фото: screenshot X

Најмалку 40 лица загинаа во судир меѓу два брзи воза во Шпанија. Според „Индепендент“, возовите се судриле веднаш по девет часот, при што два вагони излетале од шините. Ова го изјави владин портпарол за регионот Кастиља-Ла Манча, додавајќи дека причината за несреќата и бројот на повредени сè уште се утврдуваат.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат два вагони превртени на страна во канал, а на местото на настанот се упатени екипи на итните служби.

Железничкиот оператор „Адиф“ (Adif) соопшти дека инцидентот се случил меѓу градовите Мора и Оргас, а во него учествувале брзи возови на компаниите „Ренфе“ (Renfe) и „Ирио“ (Iryo), кои патувале од Мадрид кон Севиља.

Мануел Галан, градоначалникот на Урда – место во близина на градот Толедо во централниот дел на земјата – изјави дека итните служби побарале од него да подготви спортска сала за сместување на повредените.

„Сообраќајот на брзата железничка линија Мадрид – Андалузија е во прекин по судирот во кој еден воз удрил во друг“, наведе „Адиф“ во објава на платформата „Икс“ (X).

ИЗДВОЕНИ