недела, јуни 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Петровденски турнир

Петровденски турнир

11

В среда, 1 јули, во 19:00 часот, на теренот во ООУ „Никола Карев“ во Кочани, ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал.

Претставници на ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдиле двете групи од пријавените девет екипи.

Натпреварите ќе се играат по правилата за футсал, со почеток од 19:00 и 20:00 часот.

Доколку временските услови не дозволуваат игра надвор, ќе се игра во салата „Кочански ангели“. Слободни денови ќе бидат 9 и 11 јули.

На Петровденскиот турнир во мал фудбал ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат награди во износ од 60.000, 30.000 и 15.000 илјади денари.

 

 

ИЗДВОЕНИ