недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Специјално издание по повод јубилејот на САД: Новите американски пасоши со ликот...

Специјално издание по повод јубилејот на САД: Новите американски пасоши со ликот на Трамп

11

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот дизајн на специјалното, ограничено издание на американската патна исправа, изработено по повод 250-годишнината од основањето на САД.

„Нов американски пасош: Добре дојдовте, но однесувајте се добро!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, објавувајќи фотографија од примерокот.

На едната страница од пасошот има портрет на Трамп на претседателското биро, со текстот на Декларацијата за независност во позадина и негов потпис на дното. На другата страница е прикажано познатото историско дело „Декларација за независност“ од сликарот Џон Трамбул.

Најмногу реакции од сево ова предизвика пораката на претседателот „Добре дојдовте, но однесувајте се добро!“. Голем број корисници на социјалните мрежи ја исмеаја, посочувајќи дека пасошот не им се издава на странци кои влегуваат во САД, туку на американски државјани кои патуваат во странство и имаат загарантирано право да се вратат во својата земја.

Според објавените информации, на новиот дизајн на пасошот е искористен портрет на Трамп базиран на неговата слика во Националната галерија Смитсонијан во Вашингтон и се разликува од претходните верзии што годинава ги претстави Стејт департментот.

Засега не е потврдено дали токму овој дизајн ќе биде и официјалната финална верзија на јубилејното издание.

ИЗДВОЕНИ