Пет лица се уапсени откако се урна станбена зграда во Атина, објавија грчките медиуми.
Во Атина е во тек голема операција за пребарување и спасување откако четирикатна станбена зграда се урна во населбата Петралона на улицата Алкменис број 22 денес околу 13:30 часот.
„Ја видов целата станбена зграда како се урна пред моите очи како картонска кутија“, рече очевидец.
Κατάρρευση πολυκατοικίας στα Πετράλωνα pic.twitter.com/khawqk7YFs
— Kathimerini_Web (@KathimeriniWeb) June 30, 2026
Зградата имала седум стана, а спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините за евентуални преживеани.
Според првичните информации, уривањето се случило за време на градежни работи на соседна зграда.
На местото пристигнале Противпожарната служба и Првата специјална единица за катастрофи (Е.М.А.К.) кои интервенираа со две специјално обучени кучиња за пребарување и спасување. На соседните единици на Е.М.А.К. им беше наредено да бидат во состојба на висока готовност за да обезбедат помош доколку е потребно, пренесуваат грчките медиуми.
Хаос во Атина: Се урна станбена зграда, спасувачите бараат заробени лица/ФОТО/ВИДЕО












