На вториот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ) во петокот, во рамките на утринската детска програма, беше емитувана песна за „Голема Албанија“ насловена „Албански територии“ (Trojet shqiptare).
Ова предизвика реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Иманео, песната ја изведува 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.
Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.












