Партизан е пред реализација на уште едно засилување за новата сезона, а ново негово име ќе биде Итан Томпсон. Станува збор за 27-годишен американски бек висок 193 сантиметри, кој минатата сезона настапуваше за Индијана пејсерс. Тој треба да потпише договор со „црно-белите“ на една година, со опција да биде продолжена соработката за уште една сезона.

Американецот не беше избран на НБА-драфтот, но постепено го пробиваше патот до најсилната лига преку Џи-лигата, Мексико и Порторико. Индијана му даде шанса во 2025 година со двонасочен договор, а минатата сезона одигра 32 натпревари. На нив забележа просек од 7 поени, 2,2 скока и 1,8 асистенции на натпревар.

Томпсон е познат како бек-шутер, па неговото доаѓање би требало дополнително да ја засили надворешната линија на Партизан. Минатата сезона имаше 37,8 проценти реализација од поле и 32 проценти за три поени. Неговиот најдобар учинок во НБА е 24 поени против Чикаго булс.

ИЗДВОЕНИ