петок, ноември 13, 2026
Дома СПОРТ Мбапе е изолиран, во репрезентацијата владее ледена атмосфера

Мбапе е изолиран, во репрезентацијата владее ледена атмосфера

0
EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Поради повреда, капитенот на Франција, Килијан Мбапе, го пропушти натпреварот од Лигата на нации против селекцијата на Италија. Сепак, повредата на напаѓачот на шпанскиот гигант Реал (М) е во втор план поради пишувањата на француските медиуми за неговиот статус во националниот тим.

„Л’Екип“ објави дека односите со 27-годишниот напаѓач се влошиле, дека тој е доста изолиран во рамките на репрезентацијата и дека продолжуваат несогласувањата со Осман Дембеле.

Според францускиот весник, Мбапе му испратил порака на својот соиграч преку „Ватсап“, за да се обиде да ја подобри ситуацијата, но Дембеле не му одговорил. Некои играчи и членови на тренерскиот штаб веруваат дека ненадејниот интерес на Мбапе за неговите соиграчи е мотивиран од чист опортунизам.

Предводникот на „триколорите“, Зинедин Зидан, планирал да го користи Мбапе како централен напаѓач, наместо на левото крило. Првиот таков обид во септември траел помалку од еден час бидејќи капитенот го повредил коленото на натпреварот против Турција и го напуштил кампот порано.

Тоа беше и првиот собир на Зидан откако ја презеде клупата на Франција. Интересно, пред дуелот со Италија, и најтиражниот спортски весник на „Апенинскиот Полуостров“, „Газета дело спорт“, исто така пишуваше за тензиите во францускиот камп, а беше напишано и дека односот меѓу Мбапе и Зидан не е добар.

ИЗДВОЕНИ