Чешкиот кошаркар Јан Весели (35) би можел да се врати во екипата на Партизан по 15 години. Тој е слободен агент на крајот од сезоната, а Партизан сериозно размислува да му понуди договор.
Чехот го носеше дресот на белградскиот клуб на почетокот на својата кариера и трите години што ги помина таму беа запаметени засекогаш. Сега би можел да се врати „дома“. Контактите се веќе воспоставени и нема да биде изненадување ако центарот висок 213 сантиметри стане нов кошаркар на Партизан.
Весели преку Партизан стигна до НБА-лигата. Беше драфтуван во 2011 година како шести пик од Вашингтон Визардс, но не остана долго во најсилната лига во светот. Само три години подоцна, се врати во Европа и таму остана до ден-денес. Играше за Фенербахче осум години, а од 2022 година е член на Барселона. Тој беше европски шампион со Фенербахче во 2017 година, а две години подоцна и најкорисен играч на лигата.
Инаку, со Партизан има девет трофеи, по три во српското првенство и во АБА-лигата, како и во Купот на Србија.











