Пентагон се подготвува да распореди околу 3.000 војници од 82 воздушно-дестантни дивизии на Компнената војска на САД на Блискиот Исток, со што ќе им се придружи на илјадниците маринци кои се веќе упатени во регионот да помогнат во операциите против Иран.
Според двајца функционери, уште не е донесена одлука трупите да влезат во самата земја. Сепак, ова трупање на сили претставува сериозна ескалација на американско-израелската војна против иранскиот режин и ја зголемува можност американските војници да бидат испратени во Иран, пишува „Политико“.
Оваа дивизија има сили за брза реакција кои можат да бидат распоредени секаде во светот за 18 часа, но не е јасно дали токму тие единици ќе бидат испратени во регионот.
Зголемувањето на бројто на војници доаѓа еден месец по почетокот на американските воздушни напади на иранските воени сили и инфраструурата, како и во момент на наглиот пораст на цените на горивата, додека иранските власти го блокираат пристапот до Ормускиот теснец, низ кој поминува речиси петтина од светската нафта.
Американската централна команда, која раководи со операциите, соопшти во вторник дека американски авиони и ракетни напади „ уништиле повеќе од 9.000 воени цели“ во Иран од почетокот на нападот на 28 февруари.
Официјални лица на Пентагон велат дека нападите биле насочени кон ирански ракетни лансери, морнарицата и воено-индустрискиот комплекс, а убиле десетици високи функционери на режимот.
Соединетите Американски Држави веќе имаат околу 50.000 војници во регионот. Новиот пораст сугерира подлабок ангажман, вклучително и потенцијално преземање на теснецот.
Иран ги продолжи нападите со беспилотни летала и балистички ракети врз Израел и други земји во регионот во вторник, еден ден откако претседателот Доналд Трамп изјави дека ги одложува нападите врз иранските енергетски постројки со цел да одржи „продуктивни разговори“ за мировен договор. Техеран негираше дека се водат директни преговори.
Според анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ објавена во вторник, јавната поддршка за војната опаѓа, при што 35 проценти од Американците ги поддржуваат американските напади, во споредба со 37 проценти претходната недела. Генерално, 61 процент од испитаниците не ги одобруваат штрајковите, што е пораст на 59 отсто во споредба со една недела претходно.












