четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Постои можност поранешниот бразилски претседател Болсонаро да ја отслужува затворската казна дома...

Постои можност поранешниот бразилски претседател Болсонаро да ја отслужува затворската казна дома поради лошото здравје

76
Фото:википедија/Isac Nóbrega/PR

Врховниот суд му одобри на поранешниот претседател на Бразил Жаиро Болсонаро да ја издржува 27-годишната затворска казна за обид за државен удар дома, наместо во затвор.

Поради воспаление на белите дробови, Болсонаро (71) е во болница од 13 март, а неколку дена беше и на интензивна нега поради проблеми со бубрезите и воспаленија.

Тој има повеќе здравствени проблеми откако еден маж го избоде со нож во 2018 година, пред да биде избран за претседател, пренесе „Бета“.

 

ИЗДВОЕНИ