Екипата на Мелсунген, предводена од поранешниот тренер на Врадар, Роберто Гарсија Парондо, го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ по драматична победа над Кил со 24:23.

Во финале кое донесе голема неизвесност до последната секунда, Мелсунген, на крајот, излезе како победник и го крена престижниот европски трофеј. Еден од клучните играчи беше поранешниот вардарец, Даинис Криштопанс, кој постигна четири гола и имаше значаен придонес во победата. По 3 гола додадоа и Мандиќ, Менсинг и Кастенинг, кои ја одржаа екипата во игра во клучните моменти.

Со овој триумф, Мелсунген обезбеди голем успех и сериозно ја засили својата кандидатура за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

ИЗДВОЕНИ