понеделник, октомври 26, 2026
Дома БАЛКАН Њујорк тајмс“: Мали разлики меѓу Вучиќ и Студентската листа околу „спорните прашања“

Њујорк тајмс“: Мали разлики меѓу Вучиќ и Студентската листа околу „спорните прашања“

559
EPA/MARKO DJOKOVIC

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ синоќа објави дека Александар Вучиќ го признал поразот на парламентарните избори во Србија, но дека постојат малку суштински разлики меѓу него и победничката студентска листа во однос на многу спорни прашања, како што се статусот на Косово или односите со Русија и Европската унија.

Сепак, „Њујорк тајмс“ пренесува и изјава на Ратко Кнежевиќ, поранешен дипломат од Црна Гора, кој истакнува дека „она што се случи вечерва во Србија не е само изборен пораз на власта, туку тектонски потрес за политичкиот поредок воспоставен во 1987 година“.

„Милошевиќ изгради систем во кој сите соседи на Србија станаа непријатели и во кој секоја критика кон власта се изедначува со предавство – а Вучиќ го усоврши тоа“, ги пренесува весникот зборовите на Кнежевиќ.

Во Србија вчера, по речиси две години масовни студентски и граѓански протести, се одржаа парламентарни избори на кои победи „Студентската листа – Студентите победуваат“. Александар Вучиќ, кој до неодамна ја извршуваше функцијата претседател на Србија, го призна поразот, додека граѓани ширум земјата излегоа на улиците за да ја прослават победата на Студентската листа.

ИЗДВОЕНИ